23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Разрешен и суспендиран секретарот на болницата во Охрид, се вакцинирал преку ред

Најчитани вести

Директорот на ОБ Охрид денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува:

Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести