Вознемиреноста и анксиозноста се дел од современото живеење многу повеќе од порано, а еве која е разликата помеѓу овие две состојби.
Кога би прашале некој да ви објасни што е тоа анксиозност, сигурно многумина ќе ви одговорат дека тоа е состојба на вознемиреност. Меѓутоа, анксиозноста во многу работи е различна од вознемиреноста.
Нормално е да се вознемирите и да се загрижите кога треба да патувате со авион или да одите во болница, но алармантно е кога тие грижи се секојдневно присутни во вашиот живот и почнуваат да го контролираат.
Терапевтот Питер Клајн, кој е специјализиран за лечење на анксиозност, објаснува дека луѓето кои страдаат од оваа состојба имаат повторливо чувство на немир поради кое е невозможно да се смират.
Значи, поврзана е со анксиозноста, но не е исто како и вообичаената вознемиреност.
Луѓето кои страдаат од анксиозност велат дека таа одзема најголем дел од нивното време, а терапевтот Питер објаснува дека ова пореметување нанесува многу болка и штета во секојдневниот живот.
Луѓето кои страдаат од анксиозност пропуштат проекти или работни задачи и имаат потешкотии во одржување на било каква врска, тешко е нешто да ги усреќи.
Анксиозноста и вознемиреноста се разликуваат по тоа што вознемиреноста обично е поврзана со нешто конкретно- состанок, патување, додека анксиозноста е чувство дека нешто лошо ќе се случи во било кој момент.
Доколку страдате од анксиозност, не срамете се да побарате помош.