Home » Раздор во семејството Гудељ: Мајката на Немања со објава која ги подгреа шпекулациите дека не ја сакаат Анастасија за снаа – „Не им ја врти главата на братот и сестрата“ (фото)

Раздор во семејството Гудељ: Мајката на Немања со објава која ги подгреа шпекулациите дека не ја сакаат Анастасија за снаа – „Не им ја врти главата на братот и сестрата“ (фото)

by Lina Muslija

Свадбата на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ повторно ја отвори темата за односот на двете семејства. Младиот пар минатата недела на тајна церемонија во манастирот Рајиновац се заколна на вечна љубов, а се уште нема одговор на прашањето дали меѓу десетте гости биле и Гудељи.

Судејќи по објавите на мајката Оливера, сестрата Вања и братот Драгиша на денот на венчавката, се чини дека на церемонијата немало никој од семејството на Немања. Драгиша не објави ништо на социјалните мрежи, Вања покажа како ужива во тренинзите, а Оливера се огласи на свој начин – со загадочна порака.

Во меѓувреме Цеца Ражнатовиќ собирајќи впечатоци од венчавката посочи дека присуствувало и семејството Гудељ. Додуша, нејзиното обраќање до јавноста беше нејасно, па ниту според зборовите на фолк дивата не нема вистинска потврда дека на церемонијата биле и Гудељ.

– Беше многу убаво, во кругот на семејствата. Интимно… Тоа беа нивните желби. Прекрасно си поминавме, топ – изјави Цеца за медиумите и на младенците им посака долг брак полн со љубов и почит.

Укажувањето дека има раскол во семејството на младоженецот повторно го даде самата Оливера. Мајката на Немања Гудељ се огласи на социјалните мрежи и се чини дека навести кавга меѓу двајцата браќа и сестра.

-Никогаш не врти ја главата од братот и сестра ти, бидејќи тие се дел од твојата душа, твоето детство, твојот живот… не заборавај го тоа… – пишува Оливера Гудељ во објавата.


Сега сите се прашуваат што всушност се случило. Со оглед на тоа што Немања е најстариот син, можно е оваа порака да е упатена токму до него. Дали фудбалерот се скарал со семејството и ја прекинал комуникацијата со нив бидејќи не присуствувале на свадбата? Дали е ова последен обид на Оливера да го обедини семејството иако се вели дека навистина не се согласуваат околу изборот на снаата? Времето ќе покаже, но ваквите мистериозни пораки секако не им одат во прилог на двете семејства, но и на самите младенци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk