9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Разводот сепак нема да биде безболен: Манекенката и актерот наишле на голема препрека

Најчитани вести

Супермоделот Ирина Шајк и холивудскиот актер Бредли Купер, неодамна одлучиле дека повеќе не можат да живеат заедно, а иако неодамна изгледало дека разводот ќе биде безболен, сега изгледа дека ќе го “испробаат” рецептот на славниот холивудски пар Џоли-Пит.

Имено, како што пишуваат странските медиуми, точката на несогласување би можела да биде заедничкото старателство над 2-годишната ќерка. 

Шајк и Купер одлучиле дека ќе бидат заеднички старатели на нивната 2-годишна ќерка. Меѓутоа, изгледа дека тоа сега би можело да биде сериозен проблем.

И додека Бредли сака Леа да живее со него во Лос Анџелес, Ирина сака нејзината ќерка да живее со неа во Њујорк.

Кога на тоа ќе се додаде дека двајцата многу патуваат поради природата на своите професии, јасно е дека до договор ќе дојде тешко.

На почетокот немало проблеми, бидејќи Бредли одлучил да и се посвети на ќерката со која претходно не минувал доволно време поради снимањето на филмот “A Star Is Born”, со Лејди Гага, која медиумите ја апострофираат како главен виновник за разводот на познатиот пар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com