Денеска на улицата „Жан Жорес“ во скопската населба Маџари била уапсена Н.Г.(33) од Гостивар, со привремено живеалиште во Скопје.
Таа се сомничи дека вчера со закана со остар предмет одзела пари од дневниот промет во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени парите и предмети поврзани со кривичното дело. Таа била приведена во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.