6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Разбојници ограбувале скопјанки во лифт

Најчитани вести

Скопското Основно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 20 и 22 години осомничени дека сториле две разбојнички кривични дела.

Како што информираат од Обвинителството, осомничените на 18 јуни, во зграда на булеварот ВМРО во Скопје, со примена на сила од една жена одзеле два паричника во кои имало 700 денари, кредитни картички и лични документи.

Тие ја забележале жената како се движи кон зградата и побарале ситни пари од неа. Кога не им дала, влегле заедно со неа во лифтот и се обиделе да ѝ го одземат паричникот. Притоа ја притиснале и со употреба на сила ги извадиле паричниците од нејзината чанта, ја оттурнале и избегале.

Неколку дена по првото злосторство, на 21 јуни, на истото место и речиси на идентичен начин, ограбиле жена која завршила со пазарување и се враќала кон зградата.

Кога влегла во влезот, ја задржале вратата и влегле по неа. Пред лифтот ѝ пришле и насилно ја турнале и ја удриле по главата по што ѝ го одзеле паричникот во кој имало 4.000 денари, кредитни картички и лични документи и избегале.

Ценејќи дека постои опасност осомничените да побегнат, да влијаат врз сведоци или да го повторат кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за осомничените разбојници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести