8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Радуловиќ: Не е јасно кон каде води иницијативата „Отворен Балкан“ на Рама и Вучиќ

Најчитани вести

Мминистерот за надворешни работи на новата црногорска влада, Ѓорѓе Радуловиќ. потврди дека Црна Гора нема да учествува во проектот „Отворен Балкан“, што го започнаа српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама заедно со Зоран Заев.

  • Со иницијативата „Отворен Балкан“, сепак, не е јасно каде води патот. Според изјавите за намери на Србија, Северна Македонија и Албанија, контролите на границите треба да се откажат и да се создаде една економска зона. Сепак, нејасно е за каква форма на економска соработка ќе се работи. Тешко е да се постигне една царинска зона, вели Радуловиќ за ацстриски „Стандард“.

Шефгот на црногорската дипломатија сепак вели дека сепак не се работи за промена на границите и дека конечно припадноста на друга етничка група не треба да се гледа во негативна смисла.

„Регионалната соработка е многу важна за нас. Учествуваме во 34 регионални иницијативи. Берлинскиот процес, кој го започна германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година, беше важен во последните години.

Веќе нема трошоци за роаминг во регионот. Некои инфраструктурни проекти исто така беа финансирани. Ние поддржуваме се што не приближува до ЕУ”, наведе Радуловиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com