18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Радев: Софија и Скопје да реагираат на дискриминацијата на етничките Бугари во С.Македонија

Најчитани вести

Претседателот на Бугарија Румен Радев бара одговор од институциите во Бугарија и Македонија за сигналите добиени од претседателството на етничките Бугари од Македонија за важните проблеми со кои се соочуваат, соопшти прес-службата на Радев.

Позицијата на претседателот Радев, како што пишуваат бугарските медиуми, е мотивирана од писмото добиено од претседателството од етнички Бугари од Република Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивната континуирана дискриминација во Македонија.

„Повеќе од сто илјади граѓани на Република Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободна волја и документарно потврдување на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство. Бугарите во Република Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година“, вели Радев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести