4.8 C
Skopje
Tuesday, January 31, 2023

Радев: Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2 април

Најчитани вести

Датумот на предвремените парламентарни избори ќе биде 2 април, најави вчера бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија.

Шефот на бугарската држава претходно денеска го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија”, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).

-Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.
Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, денеска пред пратениците во Народното собрание кажа дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести