Home » Радев: Евроинтеграции за Македонија само ако го искорени воинствениот македонизам и ги интегрира Бугарите во општеството

Радев: Евроинтеграции за Македонија само ако го искорени воинствениот македонизам и ги интегрира Бугарите во општеството

by Журнал.мк

Бугарскиот претседател Руман Радев на денешната конференција по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека Македонија може да го продолжи патот на евроинтеграциите само доколку го искорени „воинствениот македонизам“ и доколку ги интегрира Бугарите во своето општество.

– Наспроти ова, се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема – како да го направиме тоа што е можно побрзо да започнат преговори додека во исто време поставуваат јасна бариера со воинствениот македонизам. Јасно е дека треба да бараме каде нашите интереси да се вкрстат и да бараме компромиси. Но, кога зборуваме за компромиси – не можам да направам такви со правата на македонските Бугари.

Нивните права мора да бидат вградени во уставот за да бидат интегрирани целосно во општествениот и економскиот живот на нашиот сосед, а за тоа треба да се стави крај на процесите на дебугаризација. Не можам да направам компромис со нашите историја и идентитет. Исклучително важно – прекин и искоренување на говорот на омраза и се да започне со менување на учебниците. Не можам да прифатам дека помладата генерација кај нашиот пријателскиот сосед е воспитан во духот на омразата кон Бугари. Ова е апсолутно неприфатливо и не можеме да го прифатиме.

Нема шанси да тргнеме напред ако не се откријат архивите на УДБА. Исто како што сите земји од Источна Европа ја доживеаја својата катарза на раскинување со своето тоталитарно минато, а РСМ не може да не го стори тоа,

Не можам да направам компромис за нашата одговорност како демократија за иднината на ЕУ. Доколку во моментов некој од нашите партнери не ја согледа длабочината на историскиот проблем и можноста Македонизмот да ја дестабилизира унијата. Треба да се интегрираме како партнери, а не со проблеми, и со тоа да ја покажеме нашата лојалност кон ЕУ, рече Радев.

Бугарскиот претседател е на ставот дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ само откако ќе ги заврши уставните измени.

– Отсекогаш сум велел дека треба да биде со промена на уставот и интегрирање на македонските Бугари. Зошто мислам дека мора да се направи пред тоа? Веќе имаме многу настани и процеси кои не доведоа до губење доверба. Ако во уставот е внесен еден збор „Бугари“, тоа значи дека ја прифаќате европската идеја. Изјавите дека нема 2/3 од мнозинството во парламентот – извинете, ако мнозинството во парламентот не е подготвено да ја прифати Копенхагенската конвенција за правата на човекот, тогаш за што зборуваме, праша претседателот.

Радев дополни дека услови за деблокадата се и гаранциите за заштита на бугарското културно и историско наследство.Според него, формулата 1 + 5 барање била разбрана од западните партнери и прифатена од нивна страна.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More