17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Радев ги повика Бугарите да гласаат и повика на нови идеи, нови луѓе и нова доверба

Најчитани вести

Бугарскиот претседател Румен Радев во обраќање ги повика своите сонародници да излезат и да гласаат на претстојните парламентарни избори на 4 април, јави дописникот на МИА од Софија.

Во обраќањето објавено од прес-службата на шефот на државата, Радев вели дека е време е да се повлече линија и време е за нови идеи, нови луѓе и нова доверба во институциите.

Според претседателот на Бугарија, „во моментов завршува еден мандат обележан со скандали, откритија, протести и економска сила”. Довербата во старото Национално собрание на Бугарија, според Радев, одамна е пропадната.

– Илјадници Бугари побараа предвремени избори минатото лето. Тие беа одбиени со образложение дека не треба да се одржуваат избори среде пандемијата. Дојде време за редовни избори, но како што можеме да видиме, пандемијата е сè уште тука и не е јасно до кога. Во последните месеци кризата се продлабочи. Затоа ве повикувам сите вас, полнолетни Бугари, размислете, проценете, гласајте. Во недела, сè зависи од нас, стои во обраќањето на претседателот на Бугарија Румен Радев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести