21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

Радев вели прво мора да го слушне Петков за С Македонија, не прецизира дали ќе го свика Консултативниот совет

Најчитани вести

Бугарскиот претседател порачува дека не може да се преговара за Северна Македонија бидејќи за човекови права не се преговара и нема пазарење. Тој вели дека колку повеќе Владата на Петков се држи до документите усвоени од Народното собрание толку повеќе значи дека го слуша гласот на Бугарите во Бугарија и во Северна Македонија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев вели дека прво треба да го слушне премиерот Кирил Петков на темата за Северна Македонија притоа не прецизираше дали ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да се расправа за ова прашање како што побара Петков во петокот.

Во изјавата која ја пренесуваат бугарските медиуми, Радев порачува дека не може да се преговара ниту за интеграцијата на Северна Македонија ниту за прашањето за заштита на воздушниот суверенитет на Бугарија бидејќи, вели, за човековите права не се преговара и нема пазарење.

„Колку Владата се држи поблиску до официјалниот бугарски став изразен во документите усвоени во Народното собранието, толку повеќе го слуша на Бугарите во нашата земја и во Северна Македонија. Колку поодговорно се однесуваме како земја членка на ЕУ и се придржуваме до принципите на Унијата толку полесно ќе ни биде во политиката и одлуките кон Република Северна Македонија“,

вели Радев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com