7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Радев: Бугарите во пописот и Уставот на Македонија и промена на учебниците

Најчитани вести

Претседателот на Бугарија, Румен Радев повторно со порака дека Бугарите треба да бидат вклучени во македонскиот устав.

Според него имало алармантни случаи на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Македонија со бугарска самосвест.

– Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија, Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.

Претседателот Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.

-За нас е важно меѓу младите од Македонија да не се влева омраза кон Бугарите, рече претседателот на Бугарија и даде пример со учебниците во земјата, каде што се уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.

Румен Радев и Гордан Грлиќ -Радман констатираа дека билатералните односи меѓу Бугарија и Хрватска се одлични и постојат можности за проширување на соработката во областите од заеднички интерес, како и во блиското културно-историско наследство. (МИА)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com