31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Работнички го потврди трансферот на Станковски во Монца

Најчитани вести

Суперталентираниот фудбалер на Работнички, Лука Станковски, од јуни кариерата ќе ја продолжи во Италија. Негов следен клуб ќе биде Монца. Раководствата на двата клуба ги договорија сите детали за трансферот што треба да се случи во летниот преоден рок.

„Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува. Среќни сме што Работнички успешно ја продолжува стратегијата за реализација на трансфери на млади и талентирани фудбалери во странство и горди што во еден исклучително тежок период на глобална пандемија на коронавирусот, Работнички оствари два трансфери, Давид Тошевски во Ростов и Лука Станковски во Монца“, изјави претседателот Драган Поповски.

Лука Станковски во првиот дел од сезоната постигна седум гола. Од наредната сезона тој ќе им биде соиграч на Марио Балотели и Кевин Принс Боатенг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести