14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Работилница „Пет години од имплементацијата на Законот за укажувачи“ на Транспаренси

Најчитани вести

Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе одржи работилница: „5 години од имплементацијата на Законот за укажувачи. Значењето на овој закон во борбата против корупцијата“, која ќе се одржи на 18-ти мај 2022 во хотел Александар Палас. Работилницата ќе се одржи во хибриден формат (онлајн на платформата ZOOM и со физичко присуство во х. Александар Палас).

Работилницата се одржува во рамките на проектот „Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Република Северна Македонија“, поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград кој е имплементиран од страна на Транспаренси Интернешнл- Македонија.

Проектот има за цел понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи.

На оваа работилница ќе се даде осврт на петгодишната имплементација на овој закон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com