15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците

Најчитани вести

Работилница за идентификување на потребите за ревидирање на Упатството за примена на етичкиот кодекс за пратениците ќе се одржи денеска во Собранието на Република Северна Македонија.

На работилницата ќе се разгледаат воведните согледувања за основните етички принципи и вредности, компаративниот преглед на Упатствата за примена на етичките кодекси или кодексите за однесување (примери на најдобрите меѓународни практики) и идентификувањето на областите кои недостасуваат во Упатството за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците-Натамошни чекори и идни предизвици

Работилницата е наменета за членовите и заменик-членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и други заинтересирани пратеници и претставници на службите на Собранието.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести