Home » Работилница за Предлог-програмата за заштита на потрошувачи и одржлива потрошувачка со вклучена родова перспектива

Работилница за Предлог-програмата за заштита на потрошувачи и одржлива потрошувачка со вклучена родова перспектива

by Журнал.мк

Во организација на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, Комората на мал бизнис и Женската граѓанска иницијатива АНТИКО денеска во Охрид ќе започне дводневна работилница во рамки на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот”, финансиран од Европската Унија.

– Планирано е преку оваа дводневна работилница да се активираат сите заинтересирани страни на ниво на Општина Охрид, во изготвување на локална програма за заштита на потрошувачите што би послужила како модел програма за 2023 година, согласно Нацрт Законот за заштита на потрошувачите, со вклучување на одржлива потрошувачка и родовата перспектива, велат од ОПМ.

Изработката на локалните програми, додаваат од таму, ќе вклучи подготовка на акциски план и предлог-буџет за имплементација на програмите.

– На работилницата како добра пракса, ќе биде споделено искуството на Советот за заштита на потрошувачите на Владата во спроведување на овие програми. Преку работилницата ќе биде претставена потребата во програмите да биде претставена енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка, како дел од Зелената агенда на ЕУ, прецизираат од ОПМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk