Home » Работа пред компјутер е тешка физичка работа

Работа пред компјутер е тешка физичка работа

by Журнал.мк

Стресот предизвикан од современиот начин на работа пред компјутер e предизвик за сечие тело. Главата и вратот често страдаат од положбата во којашто се наоѓаат со часови, па болката е придружена со проблеми со рамената, очите и траен замор.

Понекогаш Лошото Држење Е Причина За Болка И Непријатност Во Нашето Тело. Направете Еден Брз Експеримент. Турнете Ја Главата Нанапред, А Потоа Подигнете Ја За Да Погледнете Нагоре Колку Што Ви Дозволува Вратот. Оваа Незгодна Поза Е Токму Онаа Која Луѓето Зад Екранот Често Несвесно Ја Заземаат, А Истражувањата Покажаа Дека Ако Сме Во Таа Положба Само 30 Секунди Се Јавува Болка, Вели Д-Р Ерик Пепер, Професор На Универзитетот На Сан Франциско Во Калифорнија (САД).

Тој објаснува како главоболките може да бидат предизвикани од разни нешта, но треба да се концентрираме и да избегнуваме што повеќе причинители на болката. Еден од начините се дишењето и држењето на телото.

Делотворно е како да не се задржува напнатоста во мускулите на вратот, па така да се стане посвесен за таа состојба. Стегнете ги мускулите, па опуштете ги целосно и тоа се повторува и практикува што почесто, додека човекот не се навикне на опуштањето.

Друг совет гласи – поставете потсетник за накусо да станете за да се истегнете.

За положбата на екранот, важно е таа да нѐ тера да бидеме исправени,односно да ни биде пред очите, а не долу. Професорот советува и да го подигнеме лаптопот со држач, ако е потребно, па и посебна тастатура.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More