5 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Рабио презентиран во Јувентус: Откри што му кажал Буфон пред да се одлучи да го засили клубот од Торино

Најчитани вести

Денеска на официјална прес конференција како нов фудбалер на Јувентус беше презентиран францускиот интернационалец, Адриен Рабио.

Рабио кој речиси шест месеци нема заиграно фудбал како слободен агент доаѓа во Торино и со сигурност ќе претставува големо засилување за средниот ред на Јувентус.

Рабио на официјалната промоција истакна дека зборовите на Џиџи Буфон многу му помогнале во носењето на одлуката да се пресели во Јувентус.

– Зборував со Џиџи многу за Јувентус, а неговото мислење мене ми значи многу. Лично зборував многу со него. Буфон ми кажа многу интересни работи за Јувентус. Ми кажа дека Јуве е најдобриот тим за мене за да напредувам во кариерата и дека една сезона овде е многу повредна од на било кое друго место, -истакна Рабио, а потоа продолжи дека многу брзо дошле до договор со челниците на Јувентус.

– Последните неколку месеци беа комплицирани и од спортска и од лична гледна точка, но денес можам да кажам дека сум подготвен да ја започнам новата авантура. Целата оваа работа дојде во многу кратко време и ние се договоривме многу брзо. Јуве е клуб со огромна историја во која учествувале многу француски играчи, а јас се надевам дека ќе бидам во можност да донесам нешто такво на клубот, -заклучи Рабио.

Адриен Рабио во таборот на Јувентус ќе го носи дресот со број 25.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести