2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Пoчина познатиот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац

Најчитани вести

Легендарниот фолк-пејач Предраг Живковиќ Тозовац почина од последици на коронавирусот на 86-годишна возраст.

На 5 март Тозовац бил примен во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со потврден коронавирус и пневмонија.

Пејачот бил приклучен на кислород, а во болница бил примен во сериозна, но стабилна состојба. За жал, Тозовац не успеа да го победи коронавирусот.

Тозовац е роден во Кралево во 1936 година, од татко Светозар Тоза Живковиќ, по кого го добил прекарот, и мајката Будимка. Во октомври 2012 година тој доби диплома за заслужен граѓанин на градот Кралево.

Многумина го сметаат за најголем господин на српската народна музика, а неговите песни не избледнаа со годините па и денес тие се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености, како што се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“, „Лено, Лено Магдалено“ и други.

На почетокот на 2021 година, славниот пејач се ожени со својата животна сопатничка Емилија Мима, по 40 години љубов и заеднички живот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com