Home » Пјонгјанг ги обвини САД дека сакаат да создадат воен сојуз во Азија

Пјонгјанг ги обвини САД дека сакаат да создадат воен сојуз во Азија

by Журнал.мк

Северна Кореја ги обвини Соединетите Држави за создавање воен сојуз по примерот на НАТО во Азија и истакна дека Пјонгјанг е принуден да ја развива својата одбрана поради целта на Вашингтон да ја смени власта во оваа земја.

Критиките беа упатени во време кога се стравува дека Северна Кореја се подготвува за првата нуклеарна проба по пет години, откако лидерите на Јужна Кореја и САД неодамна потпишаа договор за распоредување дополнително американско оружје доколку е потребно да се одврати Северна Кореја.

„САД отворено одржуваат воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја и преземаат сеопфатни чекори кон воспоставување сојуз во стилот на НАТО во Азија“, соопшти Министерство за надворешни работи на Северна Кореја на својата веб-страница.

Во соопштението се повторува дека ваквите вежби претставуваат подготовки за војна против Северна Кореја.

„Ова укажува на лицемерието на американската реторика за „дипломатски ангажман“ и дијалог без предуслови истовремено откривајќи дека нема промена во амбициите на САД да го соборат нашиот систем со сила“, се додава во соопштението.

Министерството не ја спомена конкретно нуклеарната или ракетната програма, но наведува дека Пјонгјанг е принуден да ја развива својата одбрана.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More