1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Пјаниќ со еден „лајк“ го откри новиот клуб

Најчитани вести

Миралем Пјаниќ повеќе не крие дека сака да го напушти „Камп Ноу“ и да се врати во Јувентус.

Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па сака да ја промени средината.

Барселона исто така сака да се ослободи од неговата висока плата и чека понуди за Босанецот.

Вчера Пјаниќ стави лајк на објава од „Газета дело Спорт“ дека Јувентус е заинтересиран да го врати во своите редови.

Јувентус остварил контакт со Барселона и го бара плејмејкерот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето. За реализација на трансферот Пјаниќ прифатил значително намалување на платата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести