Екипата на Јувентус дојде до четвртата победа во петтиот сезонски меч во Серија А и тоа на гостувањето кај повратникот во елитното натпреварување Бреша.
„Бјанконерите“ победија со 2-1 со што само ја продолжија таа низа на триумфи од само еден гол разлика што според Миралем Пјаниќ мора да се поправи, односно да не се дозволува мечевите да бидат отворени до самиот крај или поточно многу порано да се потврдат трите бода.
-Штета е што рано примивме гол, но се обидовме да ја играме нашата игра, да имаме шанси и да играме со топката на тежок стадион. Мислам дека на крајот ја заслуживме победата, бидејќи ја имавме повеќе топката. Можевме и апсолутно требаше да постигнеме повеќе голови затоа што се беше отворено до самиот крај на 2-1. Топката добро се движеше треба да бидеме поинтензивни во нападот, бидејќи не е лесно кога мечот е секогаш отворен. Бевме добри, тоа беше подобрување, -истакна Пјаниќ.
Инаку Јуве сите победи што ги оствариво оваа кампања беа минимални, Парма ја доби со 1-0, Наполи со 4-3, а Верона и Бреша со 2-1.