Home » ПФД/ Груби: Промената на Балканот започнува кога гласачката кутија ја гледаме како наша штедна книшка, а не како банкомат

ПФД/ Груби: Промената на Балканот започнува кога гласачката кутија ја гледаме како наша штедна книшка, а не како банкомат

by Журнал.мк

Струга, 15 јуни – Во четвртиот панел “Reconciliation and Democracy as Catalyst of Change in the Balkans”, предводен од Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, имаше дискусија и од Заменик премиерката на Косово г-ѓа Емилија Реџепи, Државната секретарка на Швајцарија г-ѓа Ливиа Леу, Директорката за Европа и Централна Азија од European External Action Service г-ѓа Ангелина Еицхорст, Високиот претставник на ЕУ за Косово г-дин Мирослав Лајчак, Државниот секретар за надворешни работи на Светата Столица г-дин Мирослав Станислав Васхоски, Специалиниот претставик на Германија за Западен Балкан г-дин Мануел Саррацин, Високиот претставник за БиХ г-дин Христијан Сцхмидт, како и Генералниот секретар на RYCO г-дин Алберт Хани.

Во продолжение целиот говор:

Почитувани гости, панелисти, домаќини,

Ви благодарам на поканата за учество на овогодинешниот Преспа  диjалог форум.

Речникот вели дека помирувањето е повторно воспоставување  на пријателските односи или чин на правење едно убедување или гледиште во согласност со друго.

Така, сметам дека бевме пријатели, потоа се каравме, а сега пак се враќаме на пријателските односи.

Не можам да се сетам на многу од ова во Југоисточна Европа, без разлика колку длабоко и далеку одиме во историјата.

Дали Албанците биле пријатели со Македонците, Србите, Црногорците, Грците?

Дали Македонците биле пријатели со Бугарите, Грците, Србите??

Дали Србите имаа други пријатели освен Русите?

Цел живот го поминав во конфликт. Од кога памтам за себе, имало проблеми и никогаш немало „дасадни“ моменти во овој регион.

Тито умре, поделбата на Југославија започна и продолжи околу 20 години со војни во Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Македонија.

Како отплата на станбен кредит, бескрајно и болно.

Отворените прашања меѓу сите наши земји остануваат неизлечива рана и извор на очај, но и извор на можност за политичка манипулација и задржување на власта.

Предизвикувањето страв и обидот да се создадат непријатели се покажа како многу плоден начин да се одржи моќта и во исто време да се одржи статускво без никаков напредок.

Пораснавме со стравот дека Албанците ќе ја однесат оваа земја на друго место, додека не се одваживме да бидеме храбри и да донесеме одлуки да го надминеме нашиот страв. Ја завршивме војната со мировен договор кој на крајот ја направи земјата отворена за сите нејзини граѓани, што резултираше со довербата на граѓаните кон државата.

Пораснавме со страв дека Грците ќе ни ја земат историјата, и дека тоа ќе биде Армагедон.

Сега живееме во страв дека Бугарите ќе не асимилираат во 21 век, после 21 век неуспешни обиди да го сторат тоа.

Нашата опозиција “магистрирала“ во збирот на сите стравови за да “ушиќарат“ и да ја грабнат власта.

Не сакам повеќе состојба на заробена држава!

Никој од нас не изгуби ништо од договорите на Охрид, Преспа и за добрососедските односи. Државата, регионот и се што добивме скоро сите, неопходен е дополнителниот чекор за заокружување.

Никој не може да го оспори постоењето на македонскиот јазик, македонскиот народ и постоењето на нашата држава.

Судниот ден нема да се случи, светот нема да престане да постои дента по донесување на потребните одлуки.

Не сакам да звучам нејасно и да создавам поголема конфузија со говорот „треба да…“.

Пред вас стојам со говор со изразот „го направивме“.

Внимавајте што посакувате, може да ви се оствари.

Претходно ги прифативме сите желби и услови на ВМРО за да гласаме за уставните измени.

Отидовме неколку чекори понапред, покрај тоа што бевме подготвени да ја напуштиме владата, ги понудивме нашите оставки, ги отстранивме сите други услови и сега, денес, велиме дека бараме изземање на техничката влада Пржинска влада од Законот за владата.

Има ли некоја друга желба што „духот “ треба да му ја исполни на нашиот „Аладин“?

Видовме, слушнавме, прочитавме дека ВМРО нема проблем со уставните измени, нема проблем со вклучувањето на Бугарите во Уставот, дека не бара предвремени избори, дека не ги уважува потпишани нотарски декларации, но се што сакаат е Албанците и ДУИ да си заминат од Владата!

Време е да го исполниме она што го ветивме!

Затоа, не сум убеден дека помирувањето според она што го толкува речникот е решението, она што навистина ни треба е „рестартирање“ на генерацијата и да кажеме дека „доста“ е „доста“, не ни треба помирување, бидејќи не сме го постигнале тоа низ вековите, но ни треба генерација на лидери, кои ќе одлучат едноставно да водат напред, да одат напред, да ги прифатат западните вредности, да го направат сето ова пред сите да ја напуштиме оваа земја и да бидеме заменети со некој друг кој допрва треба да се помири во бескрајниот циклус.

Да заклучам, промената на Балканот започнува кога гласачката кутија ја гледаме како наша штедна книшка, а не како банкомат.

🗣 #PFD2023 – “Reconciliation and Democracy as Catalyst of Change in the Balkans”.
🇬🇧 https://youtube.com/live/SHa5tKdfuSg
🇲🇰 https://youtube.com/live/4G4LyVaUoIY
🇦🇱 https://youtube.com/live/HsPcvkLjk0I”

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk