18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Пушењето во автомобил во Германија може да ве чини 3.000 евра

Најчитани вести

Пушењето е несомнено нездрава навика која ги погодува не само самите пушачи, туку и луѓето околу нив. Во многу европски земји пушењето е забрането во затворени простории, но во приватно возило секој може слободно да прави што сака. Сепак, тоа наскоро ќе се промени, бидејќи германските власти планираат да воведат мерки за заштита на патниците од несакани здравствени ризици.

Според германското издание 24auto, Советот на Северна Рајна Вестфалија во Бремен и Хамбург иницирал измена на ставовите 1, 2 и 5 од Федералниот закон за заштита од пушење. Ова би ги спречило возачите да пушат во своите возила во присуство на бремени жени или малолетници. Забраната не важи за луѓе кои возат сами.

Идејата зад промената на законот е тоа што патниците да не можат доброволно да избегаат од чадот. Отворањето прозорец не е доволно – единствениот начин да се извлечете од казната е целосно отворено возило. Фатените за прекршок ќе платат казни од 500 до 3.000 евра.

Истражувањето на лекарите покажува дека 166.000 деца ширум светот се жртви на „пасивно пушење“. Според германскиот центар за истражување на ракот (DKFZ), концентрацијата на чад во возилото е до пет пати поголема отколку во просечен зачаден бар. Лекарите се категорични дека повеќе од милион малолетници во Германија во моментов се изложени на чад од тутун во автомобилите.

Предлог-законот допрва треба да биде доставен до германскиот сојузен парламент, кој ќе одлучи дали ќе го прифати предлогот или не.

Германија еднаш веќе се обиде да го забрани пушењето во возила во 2019 година, но не успеа. Доколку овој пат успее, Германија ќе им се придружи на земјите како Британија, кои во 2015 година го забранија пушењето во возила во слични околности.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com