-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Путин ја одржува годишната конференција, со рекордни 1.895 новинари

Најчитани вести

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи традиционална годишна конференција, за која се акредитирани рекорден број новинари – 1.895.

Путин од порано почнува да се подготвува за годишната конференција, а според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател разговарал со министрите, вицепремиерите и шефовите на федералните агенции за да добие најнови информации за социјалната и економската состојба во земјата.

Минатата година за овој настан беа акредитирани 1.702 новинари.

Ова е 15-годишна конференција на Путин, која за првпат се одржа во 2001 година, а тогаш ја следеле повеќе од 500 новинари, според ТАСС.

Таа прва конференција траела најкратко, еден час и 35 минути.

Најдолгата била во 2008 година и траела четири часа и 40 минути, а од 2004 година сите конференции траеле повеќе од три часа.

Минатата година Путин ја одржа својата годишна конференција на 20 декември и траеше три часа и 43 минути.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести