30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Путин: Русија ѝ помага на Кина да направи противракетен предупредувачки систем

Најчитани вести

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ѝ помага на Кинa да направи систем за предупредување од ракетни напади, каков што моментално имаат само САД и Русија, пренесе агенцијата АП.

„Ние сега им помагаме на нашите кинески партнери да развијат систем за предупредување од ракетни напади. Ова е многу сериозна работа, која драматично ќе ги подобри одбранбените капацитети на Народна Република Кина“, рече Путин на форум во Сочи.

Тој додаде дека „САД најмалку неколку години работеле на развој на нова ракета, која потпаѓа под Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, додека тој се уште бил во сила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести