Владимир Путин утрово ja објави военатa операција во Украина и ги предупреди другите земји дека секое мешање во руските акции ќе доведе до последици какви што досега не се видени. Тој кажа дека нападот е потребен зa како што вели да се заштитат цивилите во источна украина, ваквото оправдување за употреба на воена сила , според сад е лажен изговор за инвазијата.во телевизиското обраќање, путин им порача на украинските војници во регионот донбас да го положат оружјето и да се вратат дома.
„Русија не планира да ја окупира Украина, но одговорот на Москва ќе биде брз ако некој ѝ се спротивстави на русија. Украинскиот народ треба слободно да избере кој ќе ја води земјата“, кажа Путин.