1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Путин: Русите и Украинците се еден народ

Најчитани вести

Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша Русите и Украинците како „еден народ“ и изјави дека Украина може да биде стабилна и успешна само доколку одржува пријателски врски со Москва. Во статија објавена завчера, Путин го обвини Киев дека нема намера да го почитува мировниот договор од 2015 година и да стави крај на конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина, пренесува Асошиејтед прес. „Убеден сум дека вистинскиот суверенитет на Украина е можен само со партнерство со Русија. Нашите духовни, човечки и цивилизациски врски се формираат со векови, вкоренети во истите извори и зајакнати со заеднички достигнувања и победи“, напиша Путин во текстот објавен на страницата на Кремљ.

Реагирајќи на написот на Путин, претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека тезата за „братски нации“ го потсетува на библиската приказна за Каин и Авел. Според таа приказна, Каин го убил својот брат Авел. Зеленски исто така изјави дека Путин нема време да се сретне со него, и има време да напише „обемни написи“, објави Амбасадата на Украина во Белград. Москва и Киев се во непријателски односи од руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, по соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Повеќе од 14.000 луѓе се убиени во седумгодишниот конфликт во источна Украина, каде што Русија ги поддржува бунтовниците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести