36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Путин потпиша закони за повисоки парични казни за демонстрантите и интернет-страниците

Најчитани вести

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги потпиша новите закони со кои се зголемуваат паричните казни за прекршоците на демонстрантите и за интернет-страниците означени како „странски агенти“.

Според новиот закон, демонстрантите прогласени за виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнет со 20.000 рубљи (230 евра) или со 230 дена затвор. Претходниот закон предвидуваше казна од 5.000 рубљи.

Путин потпиша и закон со кој се предвидува парилна казна до 2.500 рубљи за објавување на информации на интернет-страниците означени како „странски агенти“, а кои јасно не го навеле таквиот статус.

Во Русија според Закон од 2012 година, организации и поединци и означени како „странски агенти“ мора да се регистрират и јасно да го назначат својот статус во своите публикации.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести