Home » Путин: На Украинците им се испрани мозоците, ние се бориме против неонацистите

Путин: На Украинците им се испрани мозоците, ние се бориме против неонацистите

by Журнал.мк

Додека траеја преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност, каде соопшти дека специјалната воена операција како што ја нарекува воената инвазија во Украина, се одвивала според планот.

Путин повтори дека не се откажува од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но дека се борат против неонацистите кои имаат затвореници дури и од блискиот исток. Тие користат цивили и странци како жив штит, истакнал рускиот претседател. Според Путин Украинците се заканувале и оцени дека мозокот им е исперен, и тој сака да ја уништи таа антирусија создадена од западот.

Путин најави дека на семејствата на руските војници кои загинале во Украина ќе им бидат исплатени дополнителни пет милиони рубљи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More