Руските воени власти отворија истрага за пожарот на руската подморница во која животот го загубија 14 морнари.
Несреќата се случи за време на редовна подморнска патрола на руските територијални води, а од Министерството за одбрана додадоа дека огнот бил изгаснат и оти подморницата моментално се наоѓа во арктичкото пристаниште Североморск, главната база на Руската северна флота.
Сепак, Русите не откриваат за каков тип на подморница станува збор, ниту колку морнари имало во неа за време на несреќата.