2 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Путин: Либералните вредности се веќе застарени

Најчитани вести

Рускиот претседател, Владимир Путин, во разговор објавен во четвртокот рече дека либералните вредности се надвладеани, бидејќи тие се отфрлени од страна на повеќето граѓани во западните земји.

Путин во разговор со „Фајненшал тајмс“ изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел направила кардинална грешка залагајќи се за либерална политика кон имиграцијата од Блискиот Исток.

– Либералната идеја претпоставува дека ништо не треба да се прави. Мигрантите можат неказнето да убиваат, ограбуваат и силуваат, повикувајќи се на нивните права како бегалци кои треба да бидат заштитени. Кои се и какви се тие права? Секое злосторство мора да има казна – изјави Путин во интервјуто.

Путин смета дека либералната идеја е веќе застарена и дека Меркел дојде во конфликт со интересите на огромно мнозинство од населението.

Путин изјави дека Русија не е хомофобична земја, но дека подготвеноста на Западот да ја прифати хомосексуалноста и родовата неутралност му се чини претерана.

– Традиционалните вредности се постабилни и поважни за милиони луѓе од таа либерална идеја која, според мое мислење, всушност исчезнува – истакна рускиот лидер.

Путин, исто така, рече дека има впечаток оти либералните кругови се обидуваат да ги искористат проблемите низ кои минува Католичката црква со цел да ја уништат.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести