Путин: Без гас повторно би можеле да се вратиме во пештерите

0

Рускиот претседател Владимир Путин остро ги критикуваше повиците за намалување на зависноста од гасот, како енергент, нагласувајќи дека таквите идеи би можеле да доведат до тоа луѓето повторно да живеат во пештерите.

„Кога луѓето ќе изнесат такви идеи, мислам дека отвораат врата за враќање на човештвото во пештера“, рекол Путин.

Рускиот претседател рекол дека на сегашното ниво на технолошки развој човештвото без јаглеводород, нуклеарна енергија и хидроелектрани, едноставно не може да преживее и да ја сочува цивилизацијата.