Ширењето на НАТО е закана за Русија порача рускиот Претседател Владимир Путин.
Проширувањето на алијансата според Путин е бесмислено со оглед на тоа што не постојатг закани од Москва по распадот на Советскиот сојуз во 91-та.
Зборувајќи на состанокот на руските воени лидери во Сочи, Путин истакна дека ширењето на НАТО претставува закана за Русија, но се надева дека ќе преовлада интересот за заеднична безбедност.
И покрај тензиите, тој изјави дека Русија е подготвена да соработува со алијансата.
Инаку, за време на состанокот со Трамп францускиот претседател Макрон повикал на сеопфатни разговори со Русија.