30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Пурини до Милошоски: Хонорарот е за цел тим, а не само за Елвана Ѓата

Најчитани вести

Проектот „Звуците на чаршијата“ и изборот на програмата е производ на идеи и анализи на стручните лица во КИЦ и проценка на релевантните комисии во институциите што ги споменав погоре, реагира директорката на Културно информативниот центар Сермине Пурини, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски обвини дека Пурини лесно троши буџетски пари од Министерството за култура и од Град Скопје.

„Буџетските средства распределени од нив не се трошат врз основа на желбите на директорот на установата. Барем не во КИЦ. Добро е како пратеник, пред да напишете, треба да бидете информирани за сите настани и уметници кои се дел од мултимедијалната и мултикултурна манифестација на „Звуците на Чаршијата“, за да не губите време да давате идеи за активности што традиционално веќе 13 години се дел од нашата манифестација. Од вашето пишување уште еднаш сфативме колку малку знаете за вашите сограѓани. Овој пат ни докажавте дека немате информации за износот на хонорарите на звездите што тие ги претпочитуват. За коректност, хонорарот е за целиот тим, а не само за Елвана Ѓата“, напиша Пурини на фејсбук.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести