Пејачката Аријана Гранде и сопругот, агентот за недвижнини Далтон Гомез, се разделиле бидејќи сфатиле дека не можат да функционираат во „светот по Ковид“, се вели во новото соопштение.
Откако во Холивуд се случи разводот на познатата актерска двојка Софија Вергара и Џо Манганиело, од сопругот се разделува и популарната пејачка Аријана Гранде.
Тие тврдат дека биле „сè“ еден на друг за време на пандемијата, но откако се укинале ограничувањата по коронавирус, нивните фундаментални разлики почнале да стануваат се поочигледни.
Од друга страна, Гомез уште еднаш се соочи со фактот дека Аријана е славна личност, бидејќи немаше такви „проблеми“ додека беа во изолација.
Изворите тврдат дека Гомез се прашувал зошто на Аријана и е потребно обезбедување за да излезе во јавност, што е од суштинско значење за поп-ѕвездата, пренесува TMZ.

Бракот, наводно, почнал да се распаѓа кога Гранде заминала за Англија во декември за да започне со снимање на филмската адаптација на театарската класика Wicked, каде што ја игра Глинда, добрата вештерка.
Двојката се разделила веќе во јануари, а живееле „одвоено“ до мај кога решиле да си дадат уште една шанса.
Аријана и Гомез првпат беа забележани заедно во Бар Луи во Нортриџ, Калифорнија во јануари 2020 година, а Гранде ја објавија својата свршувачка непосредно пред Божиќ истата година.
Тие се венчаа во мај 2021 година, а нивните свадбени фотографии на Инстаграм станаа едни од најлајкуваните во историјата на платформата со над 25 милиони лајкови.