Пукање имало попладнево во српскиот град Сомбор, каде неофицијално две лица се ранети. Нешто пред 17 часот полицијата добила дојава дека едно лице пука во неговата куќа, по доаѓањето на местото на настанот, сопственикот на куќата отворил оган кон полицијата. При тој напад двајца членови на полициските сили се здобиле со повреди, прострелни рани кои не се опасни по живот. Напаѓачот е ранет во вкрстен оган и е надвор од животна опасност. По пукањето тој е совладан и пренесен во Општата болница во Сомбор. Полицијата е на местото на настанот и увидот е во тек. На целата драма наводно и претходела расправија во семејството по што мажот почнал да пука.
Пукање во Сомбор, има ранети
139
previous post