5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

„ПСС Рејсинг“ и Џиролами до триумф и во Монца

Најчитани вести

Тимот на ПСС Рејсинг предводен од Виктор Давидовски и од Франко Џиролами продолжува со одличните настапи во „TCR Europe“ шампионатот.

Викендов на програмата беа две трки на патеката Монца во Италија, првата мина со сериозни проблеми за возачите порди поројниот дожд, но затоа во втората одличен беше Џиролами, кој стигна до победата. Со овој триумф возачот на ПСС Рејсинг уште повеќе се зацврсти на првото место во генералниот пласман.

„Голема благодарностдо сите во тимот, до Виктор Давидовски за довербата што ми ја укажува. Ги подготвивме гумите, имавме одличен старт, малку ризикував, но на крајот се исплатеше. Пресреќен сум, но погледите сега ги насочуваме кон следните трки во Барселона“, изјави Џиролами.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести