27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Психолошки тест на Фројд кој непогрешливо открива кои сте вие – од себе (и од него) не можете ништо да сокриете

Најчитани вести

Овој психолошки тест на Сигмунд Фројд ќе ви помогне подобро да се запознаете себеси, да го систематизирате знаењето за себе и за другите, но и да добиете објективна процена на својот поглед кон светот.

Пред вас ќе бидат поставени неколку прашања. Најважното правило – одговорете искрено, како што се чувствувате и со тоа што прво ќе ви падне на памет.

На различни прашања може да дадете исти одговори и – не гледајте во резултатите.

А, сега: земете хартија и пенкало и почнете:

1. Гледате во море (вашето прво чувство, може и да ги затворите очите).

2. Одите низ шума и гледате под нозете (што чувствувате? Времето на вашите одговори не треба да биде подолго од 30 секунди).

3. Гледате летање на гулаби (што чувствувате?).

4. Гледате коњи (напишете тоа што прво го чувствувате и не размислувајте на ништо друго).

5. Во пустина гледате ѕид со мал отвор зад кој се наоѓа оаза (во овој случај потребни се вашите дејства, а не мисли – што ќе направите прво?).

6. Повторно пустина. Изморени сте од долгиот пат. Гледате сад со вода (што ќе направите? Можеби ви звучи банално, но напишете го одговорот на хартијата).

7. Изгубени сте во шума. Се стемнило. Гледате куќа која што е осветлена (што ќе направите?).

8. Изгубени сте во магла (напишете го вашето дејство, како ќе се однесувате?).

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Резултати:

1. Вашиот однос кон животот, емоции, чувства.

2. Како се чувствувате во вашето семејство.

3. Ваш однос кон жените.

4. Ваш однос кон мажите.

5. Вашата основна животна стратегија, цел. Како ги решавате вашите проблеми.

6. Ваш сексуален живот. Избор на партнер.

7. Ваша подготвеност за брак.

8. Ваш однос кон смртта. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести