9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

ПСЖ ја одбил првата луда понуда од Реал: Три познати ѕвезди и плус 100 милиони евра!

Најчитани вести

Бразилецот Нејмар дефинитивно ќе биде најспоменувано име на трансфер пазарот до крајот на летниот преоден рок, од едноставна причина што ПСЖ веќе отворено преговара за неговото заминување, откако самиот фудбалер побара да си замине од „Паркот на принцовите“.

Леонардо веќе е во контакт со три клуба кои се издвојуваат како единствени кои можат да си го дозволат Нејмар, а покрај шпанските ривали Барселона и Реал Мадрид, тука е и Јувентус кој се обидува да го искористи Пауло Дибала како „ас“ во ракавот. Сепак, реалноста вели дека популарниот Неј има желба за враќање во Шпанија, со нагласок дека приоритет му е да се врати во клубот од кој си замина пред две години.

Барселона се соочува со потешкотии да пронајде заеднички јазик со ПСЖ и веќе два состаноци не донесоа позитивен крај, а како што јавува угледниот „Лекип“, „светците“ им оставаат простор за нови преговори на каталонците, до толку што ја одбиле и првата луда понуда која ја доставил Реал Мадрид.

Како што информира ценетиот француски весник, ПСЖ нема намера да прифати фудбалери кои имаат улога на втор план во тимовите, а бидејќи целта на „светците“ е да добијат чиста сума на пари, била одбиена една крајно примамлива и неверојатна понуда од Реал. Имено, според изворите на медиумот, Перез понудил 100 милиони евра, а како дел од зделката ги вметнал и Кејлор Навас, Герет Бејл и Хамес Родригез, тројца играчи за кои се чинеше дека нема да бидат дел од составот на Зидан во првото коло во Примера.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com