Килијан Мбапе има договор со Пари-Сен Жермен до јуни 2022 година. Минатото лето челниците на клубот имале неуспешен обид за продолжување на неговиот договор, што не би обесхрабрило, туку биле подготвени за нова рунда преговори.
Пари-Сен Жермен наводно подготвил понуда што не се одбива. На напаѓачот, со бонусите, ќе му понуди 50 милиони евра годишно. Доколку се согласи, на Мбапе ќе му се продолжи договорот до 2024 година.
Францускиот репрезентативец минатата сезона одигра 43 натпревари во сите натпреварувања и постигна 39 гола.