14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

ПСЖ подготвен да му плати на Погба 31 милион евра годишно, кога ќе стане слободен агент

Најчитани вести

Францускиот фудбалски гигант Пари Сен-Жермен останува заинтересиран за играчот од средниот ред на англискиот Манчестер јунајтед, Пол Погба.

И покрај трансферот на Лионел Меси, Парижаните се стремат да го обезбедат доаѓањето на Французинот.

ПСЖ планира да потпише со Погба кога ќе му заврши договорот со Јунајтед, во 2022 година. Самиот 28-годишен фудбалер би сакал да се пресели во Барселона или Реал, но шпанските врвни клубови се во финансиска криза.

Францускиот тим е подготвен да плати 600 илјади евра неделно (околу 31 милион евра годишно) за да го убеди Погба да потпише за нив.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com