17.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

ПСЖ не го сака Кутињо, сака друг фудбалер на Барса во понудата за Нејмар

Најчитани вести

Трансфер сагата на Нејмар не е блиску до крајот, но информациите велат дека преговорите меѓу двата клуба се веќе започнати, па речиси секојдневни ќе бидат шпекулациите кои излегуваат околу враќањето на Бразилецот во Барселона.

Нејмар сака да се врати во Барселона и му дал јасно дознаење на ПСЖ дека не сака повеќе да игра за нив. Но францускиот клуб е тврд во преговорите, ако го пушти Бразилецот да си замине ќе го направи тоа само за сериозна понуда.

Барселона и ПСЖ ги почнаа преговорите. Каталонците како дел од понудата сакаат да го вметнат Кутињо кој не импресионираше минатата сезона, но Французите имаат друга желба.

ПСЖ како дел од трансферот го сака Осман Дембеле. Сметаат дека младиот Французин има поглема перспектива во иднина, a фактот што е француски репрезентативец го прави уште поатрактивен.

Пред неколку дена ставот на Барселона беше дека Дембеле не е за продавање, но доколку сакаат да го вратат Нејмар ќе мора да направат жртва.

Но, покрај Дембеле, ПСЖ сигурно ќе бара и сериозна парична доплата. Францускиот клуб ќе сака во најмала рака со вредноста на трансферот да ги извади тие 222 милиони евра кои ги плати за Нејмар кога го донесе во своите редови.

Трансферот на Нејмар во Барселона ќе биде комплицирана зделка, која сепак се очекува да заврши со враќање на Бразилецот на Камп Ноу.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести