21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

ПСЖ и Тотенхем запнаа за голманот на Ајакс

Најчитани вести

Холандскиот првак очекува најниската понуда да изнесува 40 милиони евра.

Само по три месеци откако Андре Онана ја одби Барселона, камерунскиот чувар на мрежата сега е на листата желби кај две други екипи. ПСЖ и Тотенхем се подготвени да тргнат во директна битка за потписот на голманот на Ајакс со намера да издвојат голем дел од средствата наменети за трансфери со цел да ги добијат неговите услуги.

Ајакс го проценува Онана на 40 милиони евра, но ќе чекаат да се случи наддавање за да извлечат што поголема заработка. Со планот на холандскиот првак се појаснува дека Онана ќе биде следниот од златната генерација на Копјаниците кој ќе го напушти Амстердам, откако изминатово лето тоа го направија Матајс де Лихт и Френки де Јонг.

Многу поголеми се шансите Онана да заврши во редовите на Тотенхем отколку во ПСЖ бидејќи Петлите останаа без повредениот Уго Љорис и сметаат дека е време некој друг да го наследи светкиот првак. Светците летово го купија Кејлор Навас, па затоа оваа опција е помалку веројатна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести