17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

ПСЖ без Нејмар на „Ноу Камп“, Лајпциг во Будимпешта го чека Ливерпул

Најчитани вести

Со натпреварите помеѓу Барселона и ПСЖ, односно Лајпциг и Ливерпул, вечерва започнува нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Барселона, во првиот меч, ќе го пречека ПСЖ на „Ноу Камп“. Ова ќе биде прв дуел на овие два тима по пауза од четири години, кога Барселона направи спектакуларен пресврт, победи со 6:1 и го елиминира ПСЖ.

Дуелот доаѓа во момент кога се зголемени тензиите на релација Барселона-Париз. Од редовите на францускиот шампион отворено го канат Лионел Меси да им се приклучи од наредната сезона.

Бидејќи договорот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната, тој може да ги слуша понудите на други тимови, но начинот на кој тоа го прават до Париз не им се допаѓа на луѓето од Барселона.

Натпреварот ќе го пропушти Нејмар, поранешниот фудбалер на Барселона, а ПСЖ ќе биде и без Анхел Ди Марија.

На спротивната страна се најавува дека во стартната постава ќе биде Џерар Пике, кој последен пат настапил на 21.ноември минатата година.

Лајпциг, поради ситуацијата со коронавирусот, Ливерпул ќе го пречека во Будимпешта. Лајпциг во пресметката со „црвените“ влегува со серија од четири победи. Ливерпул, соочен со кадровските проблеми, не игра добро оваа сеозна. Тимот на Јирген Клоп, има серија од три порази во Премиер лигата, а на табелата се наоѓа на шесттото место.

Дуелите во Барселона и Будимпешта ќе започнат во 21 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести