21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Псаки за предлогот на Путин за дуел со Бајден: Претседателот утре е зафатен

Најчитани вести

Белата куќа засега не знае дали претседателот Џо Бајден може во најскоро време да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин денеска го повика Бајден на виртуелен дуел што би можел да се оддржи на 19 или на 22 март. 

 Тој утре е зафатен, изјави денеска Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа. 

 – Претседателот веќе имаше разговор со претседателот Путин, немам што друго да ви соопштам, ако зборуваме за идни разговори, претседателот утре е во Џорџија и ќе биде многу зафатен, изјави Псаки на денешниот прес-брифинг. 

Завчера, на прашање од новинар за време на интервју за телевизијата Еј-Би-Си дали тој смета дека Путин е убиец, Бајден одговори потврдно и се закани дека „тој ќе плати висока цена“ за поткопувањето на изборниот процес во САД. 

Путин излезе со повеќе конкретни изјави во врска со директната квалификација од страна на Бајден, не покажувајќи слабост да возврати и денеска го повика неговиот американски колега на виртуелен дуел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести