Home » Проѕирно не значи секогаш вулгарно: Божествен фустан поради кој Венеција синоќа гледала само во Џулиен Мур

Проѕирно не значи секогаш вулгарно: Божествен фустан поради кој Венеција синоќа гледала само во Џулиен Мур

by Журнал.мк

Ретко каде на друго место на светот ќе видите елеганција во каква може да уживате освен на венецијанскиот тепих, а Џулиен Мур уште на првата вечер од фестивалот ни покажа што може да очекуваме – ненадминлив гламур.

Премиерата на филмот „Бела куќа“ на Ноа Баумбач било синоќа на отворањето на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција којшто ги собира голем дел од познатите лица во светот.

Нив ги предводела американската актерка Џулиен Мур (61) која речиси никогаш не го пропушта овој фестивал, а годинава таа има важна улога – го претседава жирито.

Неколку часа пред гала церемонијата на отворањето на фестивалот, Мур признала дека е пресреќна поради честа која ѝ е дадена во овој момент.

Како што истакнала, првпат присуствувала на Фестивалот кон средина на 80-тите години, кога не можела ниту да сонува дека еден ден ќе биде член на жирито.

„Беше тоа во 1986 година кога глумев во серија, вистинска сапуница. Да знаев тогаш дека еден ден ќе бидам претседателка на жирито во Венеција, сигурно би паднала во канал“, изјавила Џулиен низ насмевка.

Актерката насмеана стигнала на првата венецијанска премиера кога на црвениот тепих прошетала во креација која ја потпишува италијанската модна куќа „Валентино“.

Џулиен избрала да носи необичен фустан кој изгледа како да лебди на површината. Црното боди украсено со разнобојни светки кое се спушта надолу во вид на здолниште ѝ прилегало неверојатно, а актерката носела и наметка украсена на ист начин.

Под проѕирниот слој наѕирале црните сандали на платформа, а сето тоа изгледало прекрасно со „Картиер“ накитот којшто го носела.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk