0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Проф.Трајковски: Ќе имаме нов бран, ако нема строга контрола на границите поради делта сојот

Најчитани вести

Професорот Дејан Трајковски кој редовно на Фејсбук прави анализи за Ковид-19 состојбата, овој пат како и повеќето епидемилози повика да се постави строга контрола на границите за да се спречи внесување на Делта сојот во државата.

-Во Израел добиле многу полоши резултати за ефикасноста на вакцините од Фајзер против Делта сојот отколку во Велика Британија. Ефикасноста против сипмтоматски ковид опаднала од 94% на 64%, додека ефективноста против хоспитализација сé уште добро се држи, опаднала од 98% на 93%.

Уште една причина да пробаме со строга контрола на границите да спречиме внесување на Делта сојот во државата. Ако пак се појави барем еден случај, според австралискиот метод на справување со кризата, цел град треба да се стави во 5-дневен карантин за да се спречи прелевање во остатокот од државата. Ако тоа не се направи, ќе имаме нов бран, само што бројот на мртви на милион жители нема да биде како во Велика Британија или Израел, туку како во Русија, со која ја споделуваме истата, ниска стапка на вакцинираност. Тоа за Македонија би значело до 10 починати на ден, но треба да се има предвид дека Русија веќе наметнала строг локдаун и задолжителна вакцинација во Москва. Без такви мерки, нема гаранција дека би се задржале на 10 починати дневно.

Во светло на денешната изјава на директорот на Државен завод за статистика дека не верува дека во земјата живеат повеќе од 1,5 милион жители, можно е сите пресметки за прележаноста да претрпат промени и всушност да имаме повисока стапка на прележаност. Но, без спроведен попис и цврсти бројки, тоа сé уште останува во доменот на шпекулациите.

Освен помалиот број на жители, има уште еден фактор што би можел да значи дека сме потенцијално поблиску до прагот на колективниот имунитет. Тоа е непознатиот процент на природно имуни луѓе на ковид-19, којшто беше споменуван во првите денови на пандемијата. Исто како и со пописот, без цврсти показатели за овој процент (доколку воопшто постојат природно имуни луѓе) и ова останува во доменот на шпекулациите, пишува Трајковски на Фејсбук.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести