Home » Противпожарниот воз на Македонски Желеезници ставен во функција

Противпожарниот воз на Македонски Желеезници ставен во функција

by Журнал.мк

Против пожарниот воз на Македонски железници засега нема работа иако во функција е три седмици. Тој е поставен на Железничка станица – Велес. Започна со дежурства подоцна од претходните години, бидејќи до 15-ти јули имаше дождлив период. Возот се состои од две цистерни со по 50 тони вода и еден вагон со агрегат кој служи за пумпање на водата, но и осветлување на теренот ноќе.

Го опслужуваат по две обучени лице, железничари во една смена. Вкупно ангажирани се осуммина, кои дежураат 24 часа. За негово придвижување послужува било која локомотива која во тој момент ќе се најде на Железничка станица во Велес, бидејќи овој воз има приоритет. Возот има можност да создава пена со која се гасне огнот.

Од Македонски железници ја истакнуваат соработка со противпожарната единица од Велес, од каде во случај на пожар, се полнат цистерните. Овој воз има функција на хемиски воз. Мине покрај пругите во рана пролет ја прска околината за сузбивање на вегетацијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More